Севернокорејскиот лидер во Владивосток ќе го послужат со боршч и пељмени

Reuters

Лидерот на Северна Кореja Ким Џонг Ун во Владивосток ќе го послужат со руските традиционални јадења боршч и пељмени, изјави во средата губернаторот на Приморскиот крај Олег Кожемјако во интервјуто за телевизискиот канал „Русија 24“ (Россия 24).

„Ќе бидат застапени сите јадења од руската национална кујна. Тие посакаа да ги пробаат (...) Ќе имаме широк избор. Тука ќе биде нашиот боршч, нашите пељмени (...) Тука задолжително ќе се најде и кавијарот“.

Губернаторот на Приморскиот крај додаде дека во кујната на кампусот на Далекоисточниот федерален универзитет, каде што ќе се одржат преговорите меѓу Ким Џонг Ун и Владимир Путин, ќе работат и корејски готвачи.

Кожемјако истакна дека севернокорејскиот протокол не ѝ поставил никакви посебни барања на руската страна во однос на организацијата на посетата на Ким Џонг Ун.

„Северна Кореја немаше никакви посебни, неостварливи барања. Договорите поминаа мазно. Нешто веќе направивме, а нешто е подготвено“, рече тој.

Според него, во програмата на посетата на Ким Џонг Ун се посети на работни колективи и културни центри, како и „средби со обичните луѓе“.

Претседателот на Северна Кореја Ким Џонг Ун изјави дека отсекогаш сакал да ја посети Русија и дека се надева на нови посети во иднина.

„Слушнав многу убави нешта за вашата земја и одамна сонував да ја посетам. Поминаа веќе седум години откако се наоѓам на чело на државата и дури сега успеав да дојдам во Русија. Се надевам дека и во иднина ќе ја посетувам вашата земја, потпирајќи се на пријателските односи со вашиот претседател“, рече Ким Џонг Ун, пренесува прес-службата на администрацијата на Приморскиот крај.

Ким Џонг Ун додаде дека неговиот татко Ким Џонг Ил негувал голема љубов спрема Русија и дека денес, почитувајќи ги традициите, тој како шеф на државата планира да ја зајакне соработката меѓу државите.

Во средата наутро севернокорејскиот лидер со својот оклопен воз пристигна во Владивосток.

Прочитајте повеќе: Ким Џонг Ун проба традиционален руски леб во Владивосток (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња