Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун пристигна со воз во Приморскиот крај на Русија. На станицата Хасан прими букет цвеќе, а потоа му беше понудено да го проба рускиот традиционален украсени леб „каравај”. На 25 април Владимир Путин и Ким Џонг Ун ќе одржат преговори на островот Руски кај Владивосток.
Оклопниот воз на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Уна застана на железничката станица во Владивосток. На перонот запре во 11:01 часот по московско време. Уште пред да запре возот, по него потрчаат припадниците на обезбедувањето.
Подоцна лимузината на претседателот на Државниот совет на Северна Кореја Ким Џонг Ун ја напушти железничката станица и се упати кон островот Руски во кампусот на Далекоисточниот федерален универзитет, каде в четврток ќе се одржи состанокот со претседателот на Русија Владимир Путин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче