Зошто руски програмер се откажа од првата во светот операција за пресадување на глава?

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Рускиот програмер Валериј Спиридонов се откажа од првата во светот операција за трансплантација на глава за која претходно доброволно даде согласност. Триесетитригодишниот научник, кој живее на Флорида, САД, а е роден во рускиот град Владимир, се подготвуваше за интервенцијата долги години, но во меѓувреме се стекна со семејство и ја смени одлуката.

Како што изјави тој, животот си оди по својот тек, а тој не може да живее во постојано исчекување на операцијата.

Тој додаде дека последниве неколку години многу нешта се промениле и дека сега живее во семејство кое расне здрав син.

„Среќен сум што се оженив и станав татко и не би можел да го оставам своето семејство“, рече тој во разговорот со новинарите на Good Morning Britain, кој пред два дена беше објавен на „Јутјуб“.

Спиридонов, кој страда од вродена ’рбетна мускулна атрофија (позната и како Вердниг-Хофманова болест), му даде на неврохирургот Серџо Канаверо согласност за пресадување на главата, имајќи го предвид високиот ризик од фатален исход на операцијата. Ретката болест на младиот програмера ги исцрпува мускулите и го лишува од способноста за движење, намалувајќи го животниот век.

Како што веќе беше пишувано, кинеските хирурзи први во светот во 2017 година успешно извршија пресадување на глава од еден човечки труп на друг. Операцијата која ја изведе тимот под водство на докторите Сјаопин Рен и Серџо Канаверо траеше 18 часа. Лекарите на медицинскиот факултет во Харбин внимателно ги споија ’рбетниот мозок и сите нерви и крвни садови. Според Канаверо, тоа било генерална проба пред трансплантацијата на глава на жив човек.

Неврохирургот Канаверо не се откажува од својата намисла за пресадување на глава, а судејќи според сѐ, првиот пациент кој ќе се подложи на оваа операција ќе биде кинески граѓанин.

Прочитајте повеќе: Кои руски технологии можат да помогнат за пресадување на глава?