Корисниците на забавниот портал „Пикабу“ ги воодушеви еден прекален Сибирец кој пред скалилата на аеродром на кој паднал снег, во маичка, бермуди и влечки, чека во редица да влезе во авион.
„Сибирецот очигледно тргнал на одмор“, беше коментарот на корисникот 38ru кој ја објави снимката на интернет.
За само неколку часа пристигнаа стотици коментари, меѓу кои имаше и такви во кои се тврдеше дека вистинскиот жител на Сибир не знае за студ. Корисникот FunFriends претпоставува дека мажот добро се загреал со некој жесток пијалак за да ги игнорира временските прилики.
38ru/pikabu
Многумина коментатори се присетуваа на ситуации кога поради разликите во климата биле принудени да носат два вида облека на патување. Како што заклучија, патувањето во топли земји во зимска јакна е еднакво ужасно како патувањето во студени земји во лесна облека.
Корисникот leleEjik вели дека го фасцинирала издржливоста на земјаците кои на одмор во Египет на плус 35 степени при вечерно излегување носеле тесна облека, кога оделе во клубови во сомотни долги до под фустани, или во плишани сакоа и панталони и кондури.
Развивајќи ја темата тој признава дека и самиот еднаш бил во слична ситуација, кога од Германија патувал за Русија и плашејќи се од студот облекол неколку слоја облека. Меѓутоа, долго пред да стигне на дестинацијата, во Пенза, морал да се раскомоти.
38ru/pikabu
Некои корисници на шега претпоставуваат дека мажот од фотографијата секогаш оди во таква облека. „Ама каков Тајланд, па Тајланд, човекот патува од Иркутск за Магадан и едноставно го утнал времето“, беа иронични коментаторите.