Менито во кантините во Кремљ прилагодено на Великите пости

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Објектите за колективна исхрана кои се наоѓаат под надлежност на Канцеларијата на претседателот на Русија со почетокот на Великите пости внесоа измени во своето мени, соопшти за „Интерфакс” официјалниот претставник на Канцеларијата на претседателот на РФ  Елена Крилова.

„Во текот на постите нудиме преку 80 различни јадења, вклучувајќи 15 посни супи по цена од 100 рубли (1,3 евра), 12 салати, околу 15 прилози од зеленчук и житарки по цена од 35 до 95 рубли (0,4 до 1,2 евра), како и 40 видови главни јадења и предјадења по цена од 40 до 130 рубли (0,5 до 1,7 евра)”, рече Крилова.

Според неа, во понудата за појадок има неколку видови посни каши по цена од 25 до 40 рубли (0,3 до 0,5 евра).

Прехранбените комбинати на Канцеларијата на претседателот на Русија произведуваат храна за администрацијата на рускиот претседател, двата дома на рускиот парламент, владата и други руски државни органи.

Прочитајте повеќе: Што јаде претседателот Путин?