Главната одлика на руските ресторани за брза храна е во тоа што таа храна воопшто не личи на брза, иако брзо се подготвува. Најобичните палачинки се едно од најпопуларните јадења во рестораните за брза храна во Русија. Доколку ви здодеале палачинките со павлака и џем, пробајте со ладно варено свинско буженина или со црвен кавијар.
Главното јадење на световните празници во Русија – салатата „Оливје“, во светот позната како руска салата, исто така е хит на рестораните за брза храна во Русија. А замислете си голема лажица од таа салата сервирана во голем варен компир? Важно е сите состојки да бидат свежи.
Неверојатно популарна брза храна за сите патници. За разлика од американските крофни, руските „пончики“ се посипани само со шеќер во прав и не се филувани. Крофните најдобро се јадат додека се топли, па затоа е и пријатно да гледате како ги пржат пред вас.
Иако во секоја руска самопослуга имате десетици видови замрзнати пељмени, највкусните не се фабричките, туку домашните, од свежи намирници. Класичниот рецепт за пељмени е свинско или говедско мелено месо. Не заборавајте да ставите две-три лажици павлака одозгора.
Би се рекло дека тоа е само пирошка која пливала во масло, но кога ќе пробате, ќе сфатите дека се работи за кулинарска умешност. Чебуреките обично се пржат во фритеза, но има ресторани во кои ги печат, па излегуваат ништо помалку вкусни. Чебуреките се полнети со мелено месо, кашкавал и зеленчук.
Сирниките се уштипци направени од руски младо креместо кравјо сирење по име творог, и во Русија ги обожуваат. Некој со суво грозје, некој со банана, овошни јогурти, џем или павлака (затоа што, ако сѐ уште не сте сфатиле, Русите додаваат секаде каде што можат).
Кашата е веројатно најпопуларното јадење во Русија. Ја јадат за појадок, ручек и вечера. И Путин со задоволство и често јаде каша! А зошто да не? Кашата од елда, на пример, може да биде и солена и блага, варена и во вода и во млеко. И моментално се вари.
Виршлите исто така можете да ги најдете на руската трпеза во секое време на денот. И ноќта. Ги варат, печат, или само ќе ги потопат во врела вода, ќе ги излупат и ќе ги изедат. Со рускиот хот-дог можете да добиете и поголема порција пире од компири. Сериозно.
Овој збор вреди да се научи доколку сакате да каснете нешто вкусно. Ечпочмак е татарско печиво во форма на триаголник, полнето со јагнешко, кромид и компир.
Благи пирошки, посни или со месо – секој ќе го најде она што му годи. Сакате, да речеме, со слатко сирење творог? Тогаш земете ватрушка. Повеќе ви годи риба? Земете растегај. Јаболко, зелје, спанаќ? Неодлучни сте? Пробајте сѐ по ред!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче