Шојгу: Русија ја зголемува воената инфраструктура на Арктикот

Евгениј Кељ
Сите подигнати градби се неопходни за сместување на припадниците на руската војска и воената техника.

Министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу соопшти дека во текот на последниве шест години руската војска успеала да подигне преку 710 илјади квадратни метри инфраструктура.

„На островите Котељни, Земјата на Александар, Врангел и `ртот Шмит се подгинати 475 објекти“, изјави рускиот министер за одбрана на проширената седница на комитетот на Државната Дума за одбрана.

Сите подигнати градби се неопходни за сместување на припадниците на руската војска и воената техника.

Претходно рускиот министер исто така соопшти дека Вооружените сили на Русија во 2019 година првпат ќе добијат извидувачко-офанзивни беспилотни летала. Русија во моментов има 38 воени единици кои располагаат со преку две илјади современи беспилотни летала.

Прочитајте повеќе: Десет возила со кои Русија го освојува Арктикот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња