Антонов Ан-72 е совршен авион за Арктикот. Со моторите кои се наоѓаат над крилата и кратката писта за полетување (помалку од еден километар), тој без проблем слетува на мали ледени површини и аеродроми покриени со снег.
Во тек е тестирањето на новиот камион на познатиот руски производител „Камаз-Арктик“. Ова возило е вистинска куќа на тркала, со дневна соба, кујна и со доволно простор за три лица.
Овој хеликоптер е специјално конструиран за суровите арктички услови. Ми-8 АМТШ-ВА може ефикасно да функционира на температури од -40 степени според Целзиус и ноќе. И покрај тоа што првенствено е наменет за војската, може да се користи и за цивилен транспорт, во спасувачки мисии и во крајбрежни истражувања на наоѓалишта на нафта и гас.
Од времето на Советскиот Сојуз овие две дводелни возила за сите терени се незаменливи „товарни коњи“ на Арктикот и во тешкопристапни региони на земјата. Освен тоа ДТ-10ПМ и ДТ-30ПМ спаѓа меѓу најмоќните возила за сите терени на светот.
Силните снежни бури не им можат ништо на возилата за снег „Нерпа 550“ кои се движат на скии со помош на пропелер, дури и при удари на ветар од 25 метри во секунда.
Ховеркрафтот „Арктика“ е конструиран да оди онаму кадешто другите возила не можат и тоа по сите временски услови. Може да носи до пет тони товар или 50 луѓе на растојание од над 1.100 километри со полн резервоар.
Ова арктичко теренско возило со причина го има добиено името по „бурлаците“, работници кои во времето на руската империја влечеле баржи и други пловила низводно по реките. Основната намена на возилата е транспорт на голем товар со тежина до два тони.
Речиси 50 години легендарното советско возило за снег со име „Буран“ (снежна бура) служеше на Арктикот. Едноставен за управување и за одржување, „Буран“ може ефикасно да се движи низ длабок снег и да влече 250 килограми товар.
Ова е најстариот начин на превоз на Арктикот и се користи до денес. Секое возило може да се расипе, додека овие животни никогаш нема да ве изневерат.
Авионите Иљушин Ил-76 понекогаш слетуваат на замрзнати авионски писти во арктичката зона, што не е лесна задача. Нивната главна намена, сепак, е да исфрлаат товар (со падобрани) за арктичките експедиции.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче