Русија има најсовремена воена инфраструктура на Арктикот, која нема пандан во целиот свет, истакна во понеделникот рускиот министер за одбрана, генерал на армија Сергеј Шојгу на седницата на Јавниот одбор во рамките на Министерството за одбрана на РФ.
„Продолжуваме по етапи да ги завршуваме градежните работи на островите кои се наоѓаат на Арктикот. Тоа подразбира изградба на аеродроми и најсовремена инфраструктура. Можам лично да гарантирам дека во овој момент не постои држава која може да се спореди со современата инфраструктура каква што таму постави Русија“, рече Шојгу, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.
Тој напомена дека во овој момент се гради воена инфраструктура на арктичките острови Земјата на Франц Јозеф, Александрова земја, островите Котелни, Средни, островите Врангел, Новосибирските острови итн. Исто така, изградба на воена инфраструктура има и на Курилските острови.
„Ние практично сега, до Нова година, ќе завршиме со изградбата на нови воени објекти и инсталации на Курилите“, истакна првиот човек на Министерството за одбрана на РФ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче