Русија распореди на Арктикот длабоководна дивизија

Нуклеарната подморница „Подмосковје”

Нуклеарната подморница „Подмосковје”

YouTube
Во состав на руската Северна флота е формирана длабоководна дивизија, соопшти главната команда на руската Воена морнарица.

Во јануари 29 посебна бригада подморници, стационирана во градот Гаџиево (Мурманска област), е трансформирана во дивизија во врска со приемот на нова техника, пишува „Взгљад”.

Во состав на новата формација влегоа малогабаритни нуклеарни длабоководни станици (АГС) и подморници-носачи на нуклеарни подводни станици.

Во овој момент новата дивизија во својот состав ги има нуклеарните длабоководни станици од проектот „Калашот”, „Палтус” и „Калитка” и нуклеарната подморница „Подмосковје”, која се користи како носач на нуклеарна длабоководна станица.

Длабоководната дивизија ќе решава не само воени, туку и цивилни задачи во рамките на геолошките испитувања во арктичкиот епиконтинентален појас.

Во октомври 2017 година беше објавено дека во последниве пет години во експедициите на Управата за навигација и океанографија на Министерството за одбрана на Русија се откриени 11 острови и шест теснеци во морињата на Арктикот.

Прочитајте повеќе за руските микророботи кои можат да работат под мразот на Арктикот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња