Фотогалерија: За руските специјални единици на Арктикот не постојат невозможни мисии

Евгениј Кељ
Бескрајниот снег, мразот, ниските температури не се никаква пречка кога на најдобрите руски специјални единици им се поставува задача да елиминираат терористи, ослободат заложници и нуклеарен мразокршач. Архипелагот Земјата на Франц Јозеф е одличен полигон каде можат да се покажат сите можности на руската војска во суровите северни услови.

Кон крајот на април руските сили за специјална намена изведоа антитерористички вежби во арктичкиот регион. Воената команда состави тим од најдобрите инструктори и војници кои минуваат обука во таканаречениот Руски универзитет на спецназ во Чеченија. е Овие единици се покажаа како мошне ефикасни и сурови сили кои во јужниот руски регион често се пресметуваат со терористичките групи. Но прашањето беше дали овие командоси ќе бидат исто толку опасни во непознатите и студени северни услови.  

Според сценариото на вежбите, терористичка група зазела стратешки објект на руската флота и држи заложници. Формирана е единица која мора да ги неутрализира терористите и ослободи луѓето и бродот. По ослободувањето на бродот командосите тргнаа по терористичките групи скриени во планинските пештери.

Погледнете како се одвиваше оваа вежба:

1. Членови на Росгвардија и инструктори на Универзитетот на рускиот спецназ на остров на архипелагот на Франц Јозеф.

2.Специјалци изнуркуваат од морската длабочина покрај грабнатиот брод.

3. Тактичката група беше вооружена со најновото руско огнено оружје, вклучувајќи ги и автоматски пушки со кои можат да стрелаат под вода.

4. Истоварување на палубата на грабнатиот брод.

5. Силите за специјална намена упаѓаат во внатрешните простории на атомскиот мразокршач „Советски Сојуз“.

6. Ослободување на заложниците. Припадник на Росгвардија ги држи терористите на нишан.

7. Нуклеарниот мразокршач „Советски Сојуз“ ѝ служи на руската воена морнарица од 1989 година. 

8. Втората група руски специјални сили се спушта на бродот од воздух. 

9. Бродот го надлетува хеликоптер Ми-171.

10. На тактичките вежби во планините тимот ги користеше армиските возила за движење по снег „Печенег“, вооружени со митралез на концернот „Калашников“.

11. Членовите на единицата на специјалните сили во непрегледната снежна пустина на Арктикот.

Прочитајте повеќе: Да се преживее на Арктикот: облеката и храната на руските војници

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња