Командантот на Северната флота: Руските подморници дежураат под арктичкиот мраз

ОАО "ЦКБ МТ "Рубин"

„Нашите подморници се постојано присутни и под арктичкиот мраз. Од разбирливи причини не можам навлегувам во деталите за таа активност, но она што секако можам да го кажа е дека таа е редовна и дека Северната флота има огромно искуство во пловењето под мраз и користењето подводни и површински бродови во арктички услови“, рече командантот на Северната флота адмирал Николај Евменов во интервјуто за весникот на руските вооружени сили „Краснаја звезда“.

Според него, главната задача во арктичкиот регион е одржување на стабилноста. Приоритетен правец претставува безбедната реализација на поморската политика и економската дејност на Русија на подрачјето на Арктикот и зоната на Северниот поморски пат, рече Евменов.

Како што нагласи тој, активноста на силите на Северната флота на тоа подрачје е целосно транспарентна и во согласност со сите одредби на меѓународното поморско право и Повелбата на ОН.

Северната флота, во поглед на современата опрема, според него, не само што оди во чекор со времето, туку според одредени показатели е и пред него.

„Ќе мораме да ја продолжиме работата над развојот на инфраструктурата на Арктикот. Ќе бидеме редовно присутни во различни реони на Северниот леден океан, ќе се наоѓаме на борбено дежурство под вода и во воздух и ќе ја обезбедуваме сигурноста на пловидбата на рутите на Северниот поморски пат, додаде адмиралот.

Прочитајте повеќе: „Национален Интерес“ бара победник во „судирот“ меѓу нуклеарните подморници „Јасен“ и „Вирџинија“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња