Како таткото на Путин учествувал во специјална операција во Втората светска војна

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Русија Владимир Путин им го честиташе на припадниците на Силите за специјални операции (ССО) нивниот професионален празник. Притоа им раскажа како неговиот татко за време на Втората светска војна учествувал во специјална операција на една таква единица. њихов професионални празник.

Честитајќи им го на припадниците на Силите за специјални операции нивниот професионален празник, шефот на руската држава го спомена и својот татко кој се борел во Втората светска војна, пренесуваат медиумите.

„Се разбира, мораме да ја споменеме и Втората светска војна. На почетокот на војната било потребно да се оформи голем број специјални единици. Луѓето често заминувале на борбени задачи без темелна подготовка и без специјално вооружување. И, се разбира, имале големи загуби“, рече Путин.

„Во една од таквите единици бил и татко ми. 28 војници биле префрлени преку линијата на фронтот, а се вратиле само четворица од нив“, додаде претседателот на Русија.

„Но, како што на фронтовите на Големата татковинска војна се развивале борбените дејствија, се усовршувале и методите на работа на нашите специјални единици”, додаде Путин, истакнувајќи дека во текот на војната единиците му задавале на непријателот сериозни проблеми, уништувале штабови и комуникациски врски, доаѓале до многу значајни разузнавачки податоци.

„Сакам да ви се заблагодарам вам и на вашите колеги за службата, за храброста и одважноста, на исклучителното, беспрекорно исполнување на задачите“, рече претседателот на Русија на свеченоста.

„Во најтешките, нетипични ситуации вие дејствувате одлучно, не знаејќи за пречки, демонстрирајќи ја силата на праведноста и доблеста, издржливоста и увереноста во исправноста на својата работа“, додаде Путин.

Во април 2015 година Путин јавно зборуваше за своите спомени на татка си и мајка си од времето на Втората светска војна. Рускиот претседател апелираше вистината за опсадата на Ленинград да им се пренесува на идните генерации.

Прочитајте повеќе: Путин напиша колумна за своите родители и за војната