Военото воздухопловство на Индија нема доволно борбени авиони. Затоа води преговори со Русија за итна набавка на ловци МиГ-29, кои можат да се испорачаат во релативно краток рок. Се работи за авиони кои се конзервирани. Тие ќе бидат модернизирани и продадени на Индија.
Како што пишува The Economic Times, ќе бидат купени 21 авион заради формирање нова ескадрила МиГ-29. Руските ловци се значително поевтини од француските „Рафал“, наведува изданието.
Како што се наведува во статијата, Военото воздухопловство на Индија во моментов располага со три ескадрили руски ловци. И макар што овие повеќенаменски авиони се наоѓаат во состав на вооружувањето од 80-те години на минатиот век, во 2008 година беше потпишан договор за нивна модернизација заради продолжување на нивниот рок на употреба.