Унгарците продаваат советски „МиГ“-ови по цена на автомобил

МиГ-29С

МиГ-29С

Вадим Савицки/Global Look Press
Министерството за одбрана на Унгарија ги продава сите советски ловци МиГ-29.

Унгарското Министерство за одбрана ги изнесе на аукција сите советски ловци МиГ-29 што ги поседува, пишува Jane's.

Авионите се продаваат во еден пакет кој опфаќа вкупно 19 ловци (некои се делумно демонтирани и не можат да летаат), 20 мотори и уште 300 други делови авионска опрема, вклучувајќи и авионски топови.

Почетната цена на пакетот е 2,8 милијарди форинти (околу 10 милиони долари). Покрај тоа, купувачот мора да добие одобрение од руските власти.

Доколку не се сметаат резервните делови, цената на еден авион-ловец во унгарската понуда изнесува околу 300000 долари, што може да се спореди со цената на автомобилите од премиум класата. На пример, „Ролс-Ројс Фантом“ е двојно поскап.

МиГ-29 е советски повеќенаменски суперсоничен ловец од четвртата генерација. Воведен е во експлоатација 1983 година. Унгарија од 1983 година има добиено 28 авиони од овој тип, а 2007-2008 година е направен капитален ремонт на тринаесет вакви летала под контрола на Руската корпорација за производство на авиони „МиГ“. Унгарските пилоти од 2010 година не летаат со авионите МиГ-29.

Прочитајте повеќе: МиГ-29 – машина „гладна“ за блиска воздушна борба

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња