Сибир во опасност: Американски научници предупредуваат за опасноста од топење на пермафростот

Global Look Press

Американски научници од Универзитетот во Вашингтон дојдоа до заклучок дека пролетните дождови влијаат на зголемувањето на ерозијата на пермафростот кој, меѓу другото, се наоѓа и во Сибир. Како што истакнуваат, на тој начин доаѓа до поактивно ослободување на метанот, гас со ефект на стаклена градина, кој го засилува глобалното затоплување, пренесува порталот Phys.org.

Американските стручњаци внимателно го проучиле процесот на топење на пермафростот во замрзнати мочуришта во криолитозоната, оддалечена околу 32 километри од градот Фербанкс на Алјаска, во периодот од 2014 до 2016 година. Тие го следеле ослободувањето на мета во мочуриштата и околу нив, како и темпото на раст на остриките и промената на температурата на земјиштето на шеснаесет длабочини.

Во 2016 година е забележано покачување на температурата на почвата на работ на зоната на пермафростот. Вкупната емисија на метан е зголемена за триесет отсто во однос на претходната година. Притоа е регистрирано повеќе врнежи отколку во 2014 година. На крајот се покажало дека во 2016 година пролетните дождови почнале да паѓаат порано, а во рана пролет воздухот е потопол од земјата, поради што врнежите ја зголемуваат температурата на почвата. На тој начин доаѓа до побрзо заситување на почвата со влага, а вишокот кој истекува во замрзнатите мочуришта ја зголемува нивната температура.

Притоа топлото мочурливо земјиште предизвикува побрза размена на материи кај микробите кои поради недостиг на кислород почнуваат да вршат оксидација на органските материи, емитирајќи метан. Исто така, поради загревањето на почвата околу мочуриштата се зголемува количината на острики која исто така ја олеснува емисијата на метан.

Покрај зголемената опасност од глобалното затоплување, засиленото топење на земјиштето може да предизвика рушење на зградите и инфраструктурата која е изградена врз него, предупредуваат американските истражувачи.

Прочитајте повеќе: Обелоденети научни прогнози за глобалното затоплување: САД главна жртва, Русија во добивка

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња