Речиси сиот североисточен дел од Русија е територија под пермафрост – вечно замрзната земја. И покрај суровите климатски услови и тука никнуваат градови и живеат луѓе во нив.
Јакутск е најголемиот град на светот кој е подигнат на пермафрост. Во него живеат над 300.000 луѓе. Без оглед на суровата клима, населението расте од година в година, па расте и самиот град – се појавуваат станбени населби и современи јавни простори со колорит од крајниот север.
Панорама на Јакутск
Слава Степанов (CC BY 4.0)За тоа како се подигнува современ град на вечно замрзнатата земја зборува архитектот од Јакутск Сергеј Примаков, учесник во програмата за професионален развој „Архитекторы.рф“.
Сергеј Пермјаков
Република Саха-Јакутија е најстудениот и најголем регион на Русија (зазема една петтина од нејзината територија). Тоа е подрачје со остра континентална клима. Тоа значи дека назима не е реткост температурата од -50 степени според Целзиус (се спушта и до -60), а налето +30. Кај толку големите температурни разлики најважно е да се зачува стабилноста на земјиштето, во спротивно можат буквално да потонат во земја. Значи, никако не смеете да дозволите вечно замрзнатата земја да се истопи.
„Првото правило на крајниот север е дека ништо не смее да се закопува во земја“, вели Сергеј. Сите комуникации, цевките и топловодите се спроведени над земја и се дел од градскиот амбиент. „Голема желба ни е некако да ги вклопиме во архитектурата, на пример тоа да биде светлосен објект, но засега тоа е само план“, вели Сергеј.
Топловод со дизајн
Сергеј ПермјаковСите згради во Јакутск стојат на столбови за топлината од просторијата да не го допира пермафростот. Тука се наоѓа најголемиот научен центар на крајниот север (Североисточниот федерален универзитет), првиот спортски комплекс на светот кој е изграден на столбови („Триумф“) и најголемиот затворен циркус „Мамутче“.
Една од зградите на столбови.
Североисточен федерален универзитет во ЈакутскЈакутск е основан уште во 17 век од страна на козаците. Во него можат да се видат градби од различни периоди. Во центарот се зачувани старински трговски куќи и храмови, а во станбените населби типични советски повеќекатници, само што се на столбови. Денес во Јакутск интензивно се градат нови станбени населби со северен колорит. На пример, постои проект на зграда во облик на мамутски бивни.
Како и во другите руски северни градови, зградите тука се обоени со јарки бои зашто се смета дека тоа е добро средство за заштита од депресијата во средини каде ретко може да се види сонце. Покрај тоа, јарките бои помагаат луѓето да се ориентираат во магла на мраз.
Згради со силни бои.
Североисточен федерален универзитет во ЈакутскПред зградите се прават нови детски игралишта од еколошки материјали, на пример, од дрво.
Во новите станбени населби просторот за детски игри се прави на покривите од приземните делови на зградата, а не на земја, зашто материјалот брзо пропаѓа на ниските температури и затоа многу конструкции не издржуваат до пролет.
Детско игралиште од дрво
Сергеј Пермјаков„Поради пермафростот во Јакутск наместо подземни се прават гаражи на приземните делови од зградите“, вели Сергеј.
Паркинг на столбови.
Сергеј ПермјаковВо текот на зимата, поголемиот дел од тукашните жители ги замрзнуваат автомобилите пред зградите и ги оставаат до пролет, а низ градат се движат со градски превоз. Тука постојат топли попатни станици на градскиот превоз. Тоа се затворени павилјони со греење, телевизор, електронски ред на возење, штекери за полнење мобилни телефони и безжичен Интернет.
Ако сепак е потребен автомобил во текот на зимата, тогаш тој се пали наесен и се гаси напролет, и сето време е со клучот на контакт и со вклучен аларм. Луѓето тука не се плашат дека некој ќе им ја украде колата. „Кој ќе ја украде на -50 степени? На таков мраз ретко кој излегува надвор“, вели Сергеј.
Замрзнут автомобил пред зграда.
ReutersПравта во текот на летото е најголем проблем во градот. Воздухот во Јакутск е мошне сув, има многу земјени патишта и малку зеленило. Постои дури и програма на градската влада за борба против правта. Таа се состои во асфалтирање на патиштата и садење зеленило меѓу патиштата и зградите, или посипување чакал или некој друг материјал кој не содржи прав. Но, зеленилото слабо успева на оваа клима, и затоа луѓето се трудат да ги зачуваат дрвјата што веќе постојат. „Во Јакутск е забрането сечење дрвја. Дури и кога правиме пат, се обидуваме да го заобиколиме дрвото“, вели Сергеј.
Земјен пат.
Сергеј ПермјаковКако ќе изгледа Јакутск за 10 години? „Архитектите сакаат тоа да биде современ град и наша задача е да осмислиме јавен простор земајќи ја предвид специфичноста на климата“, вели Сергеј. Во градот има многу природни езера и луѓето сакаат да се собираат околу нив. Тука се прават нови паркови и зони за одмор.
Езерото Талое.
Администрација на град ЈакутскЈавниот простор „Порта Јакутска“ ќе се појави во близина на аеродромот. Тоа ќе биде стилизирана макета на некогашниот сибирски затвор во природна големина. Тоа ќе биде првото нешто што ќе го видат гостите на Јакутск кои не се плашат од мразот.
Капијата на Јакутск.
Администрација на град ЈакутскПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче