Питомецот Платов: Надворешноразузнавачката академија ја покажа собата на Путин кога бил студент

Скриншот

Телевизиската станица „Ѕвезда“ ја прикажа собата во која како студент живеел сегашниот претседател на Русија Владимир Путин додека студирал на тогашниот Институт „Црвено знаме“ на КГБ на СССР, сегашна Надворешноразузнавачка академија.

Во емисијата посветена на осумдесетгодишнината од основањето на оваа високообразовна установа е прикажана собата на актуелниот шеф на руската држава кој во текот на студирањето го носел шифрираното име Платов.

Двокреветната соба во која година дена живеел Путин денес е далеку покомфорна отколку тогаш, забележа водителот, напоменувајќи дека таа на ниту еден начин не е посебно обележана. Во емисијата дури и бројот на собата е скриен, но тоа не е направено, како што се наведува, поради телевизиските гледачи, туку поради самите студенти, за да не се натпреваруваат да ја добијат познатата соба.

Путин на отсекот за надворешна разузнавачка служба дипломираше 1985 година. Академијата е основана на 3 октомври 1938 година како Школа за посебни намени, а 1943 стана Разузнавачка школа на Првата Управа на Народниот комесаријат за државна безбедност на СССР. Пет години подоцна повторно го менува називот во Виша разузнавачка школа, за во 1968 да биде трансформирана во високошколска установа Институт „Црвено знаме“ на КГБ на СССР. Сегашното име го носи од 1994 година.

Прочитајте повеќе: Сè што некогаш сте сакале да знаете за Владимир Путин

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња