Путин на самит се задлабочи во читање на Пушкин

Kremlin.ru

Претседателот на Русија Владимир Путин во паузите на церемонијата на потпишување на документи на самитот на ЗНД пасионирано го читаше романот во стихови на Александар Пушкин „Евгениј Онегин“, пренесуваат руските медиуми.

Путин првин ја стави книгата од својата лева страна, се потпиша повеќе пати и повторно го зеде романот на Пушкин, прелистувајќи неколку страници. Кога му донесоа нова тура документи, претседателот ги потпиша и, како што се наведува, повторно ја отвори книгата. Овојпат прочита неколку стихови, повторно ги потпиша документите и му се врати на читањето.

Кога му пријде и седна до него претседателот на Молдавија Игор Додон, Путин ја стави книгата настрана.

Кога рускиот лидер стана од столчето, си ја понесе книгата со себе. Во тој момент му пријде премиерот на Ерменија Никола Пашинјан, со кого се задржа во краток разговор. Романот на Пушкин и понатаму беше во рацете на претседателот.

Владимир Путин претходно изјави дека на Русите им се потребни книжевни дела кои им задираат во душата. Неодамна тој рече дека ги сака патриотските, како и филмовите снимени според класичните дела. Филмот на Сергеј Бондарчук „Војна и мир“, настанат според познатиот роман на Лав Толстој, тој го нарече ремек-дело. Не криеше ни дека му се допаднала британската серија „Војна и мир“, велејќи дека авторите добро проникнале во руската душа, времето и мислите на Толстој. Тој исто така забележа дека филмовите на Станислав Говорухин можат одново да се гледаат многупати.

Прочитајте повеќе: Што работи Владимир Путин „кога не работи ништо“?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња