Во седумдесеттите години Владимир Путин можел да учествува во снимање на масовни сцени како каскадер во најмалку три филма на студиото „Ленфилм“, пренесуваат руските медиуми.
Василиј Шестаков, поранешен пратеник во Државната Дума, кој во 70-те години одел во истата школа за руската боречка вештина самбо во која тренирал и Путин, изјави за ТВ-каналот „Дожд“ дека претседателот повеќе пати учествувал во снимање на филмови.
Тоа се филмовите „Ижорскиот баталјон“ (1972) и два филма за Втората светска војна „Блокада (1973-1977).
Заедно со Путин во работата на студиото „Ленфилм“ учествувал и неговиот долгогодишен пријател Аркадиј Ротенберг, сега познат бизнисмен и претседател на Руската федерација за хокеј, тврди Шестаков.
Путиновиот портпарол Дмитриј Песков изјави за ТВ-каналот „Дожд“ дека не знае ништо за наводното филмско минато на претседателот. „Ленфилм“ исто така нема никакви снимени материјали кои можат да докажат дека Путин кога било работел како каскадер.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче