Дарја игра ракомет од десетгодишна возраст.
На Светското првенство 2017 година беше најдобриот стрелец во рускиот тим.
Родена е во Толјати и до 2017 година играше за локалниот тим кој се вика... се разбира, Лада.
Сега настапува за клубот во Астрахан.
Како што пишува ракометарката на „Инстаграм“, студениот Толјати не е исто што и астраханската жештина.
Дарја е мажена и има синче.
Има и два шпица. Едниот се вика Мафин а другиот Шмељ (бумбар).
Младата надеж на рускиот женски ракомет Дарја Самохина сигурно ќе ве натера да ги гледате нејзините игри на ЕП во Франција, а овие фотографии да го следите нејзиниот профил на „Инстаграм“.