Жешки фотографии на 5 руски фитнес-кралици

Екатерина Усманова
Здравиот начин на живот, здравата храна и спортот во Русија се сѐ повеќе во мода. И не минува ниту еден ден, а овие Русинки да не ги инспирираат со нова фотографија на своите совршени тела милионите луѓе што ги следат на Инстаграм. Дознајте кои се најпознатите руски фитнес-блогерки.

Оксана Самојлова

Сопругата на популарниот руски рапер Џиган има 7.2 милиони следбеници на Инстаграм. Објавува фотографии од својот раскошен живот, од одморите на јахтите и ги мотивира девојките со пoраки дека секој може да направи од своето тело нешто иделано.

Погледнете го само нејзиниот стомак! И поверувајте дека Оксана има родено три ќерки...

Иако не е професионален фитнес-тренер, нуди своја програма на вежби и диета на сите што сакаат да изгледаат одлично.

„Првиот понеделник од септември е одличен ден за почеток на нов спортски живот, за здрава исхрана и за обликување прекрасно тело. Ако сега започнете, следното лето ќе изгледате како од соништата“, може да се прочита на нејзиниот Инстаграм-профил.

Ксенија Собчак

Кандидатката на последните претседателски избори во Русија, главниот уредник на списанието „Л'Офисел“ и телевизиска водителка Ксенија Собчак има 5.7 милиони следбеници на Инстаграм.

Ксенија е позната по остриот јазик и по препирките со другите руски ѕвезди, а умее и да се потсмева со луѓето со вишок килограми. Сака јога, што може да се види како се обидува да изведе некои асани.

Мајка на речиси двегодишно дете, Собчак верува дека сите мораат да внимаваат на својот изглед. „Подобро размислувате и подобро работите ако секој ден се занимавате со спорт“, вели таа.

Екатерина Усманова

Усманова е еден од најпознатите руски фитнес-модели, има 1.5 милиони следбеници на Инстаграм, продава фитенс-курсеви и има свој моден бренд.

Екатерина е мошне горда не еден посебен дел од своето тело, и знае да нагласи дека не е бодибилдер, ами „газобилдер“.

Катја е исто така позната и по тоа што одвреме-навреме се впушта во филозофирање за сѐ и сешто: за самодовербата, за натпреварувачкиот дух и – верувале или не – за осаменоста.

Анастасија Самбурска

Популарната глумица од руските телевизиски серии не излегува од спортска сала! А, некои од нејзините 9.4 милиони следбеници на Инстаграм дури велат дека почнува да губи од женственоста поради силните мускули! Но, Настја одговара иронично:

„Сакам во огледало да ги видам резултатите од тренингот и не ме загрижува многу дали ви се допаѓам. Најважно ми е да си се допаднам самата на себе“, пишува таа. Настја инаку е противник на теоријата „боди позитивити“. „Кога веќе зборувате за тоа дека човек треба да биде природен, престанете да се шминкате и да ја бојадисувате косата“, додава таа.

Глумицата рекламира различни спортски брендови, а неодамна стана заштитно лице на „Рибок“ во Русија.

Масја Шпак

Вистинското име на оваа Инстаграм-блогерка е Ирина Мешчанскаја и таа е сопруга на еден популарен блогер – фрикот Александар Шпак, познат по пластичните операции и нашминканото лице.

Масја не крие дека и самата има операции на многу места од своето тело, но сепак инсистира на тоа дека без вежбање и без здрава исхрана не би изгледала онака како што изгледа.

Секојдневно им покажува на своите обожаватели како се „пумпаат“ мускулите на кауч, на песок или во спортска сала. Зборува за здрави рецепти, за тоа како се губат вишокот килограми и одговара на прашањата на обожавателите.

Исто така, запознајте ги Десетте најубави жени на руските фудбалери

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња