Ина Жиркова
Анатолиј Ломохов/Global Look PressИна и Јуриј се запознаа во 2007 година и тоа беше љубов на прв поглед. Уште како ученичка во средно училиште Ина ја има освоено титулата Мис на Калининград, а во 2012 година е прогласена за Мис на Русија. Сепак, се откажа од круната зашто на новинарите не можеше да им одговори на прашањето дали Земјата се врти околу сонцето или обратно, и кој е композиторот на „Полонезата на Огински“ (одговор: самиот Огински). Како што можете да претпоставите, медиумите беа неуморни.
Ина сега има своја модна линија и е мајка на три деца.
Вероника е маркетинг-менаџер, но откако се омажи им се посвети на децата. Таа е редовен навивач на натпреварите на клубот Зенит од Санкт Петербург. Понекогаш доаѓа на трибините со сина си.
Младата актерка од Киев му го освои срцето на моментално најдобриот руски голман и по неколку филмски улоги и учества во музички спотови денес е мајка на две деца. Екатерина многу се грижи за приватноста и стои настрана од медиумите.
Анастасија признава дека по натпреварите таа и нејзиниот сопруг седнуваат да ја анализираат играта. Се запознале како тинејџери во сибирскиот град Братск, а сега живеат во Москва. Имаат син и ќерка.
Наталија го сретнала моментално најстариот (38) одбранбен играч на руската репрезентација како водителка на еден спортски телевизиски канал. Кариерата не ја запоставила, иако е мајка на две деца. Наташа го води и сајтот на својот сопруг.
Работеше како стилист на една руска телевизија. Александра и Јуриј се имаат запознаено во школските денови и имаат студирано во истиот град на рускиот далечен исток. Александра живее малку во Москва, малку во Краснодар кадешто игра Јуриј. Брачната двојка има мала ќерка.
Екатерина и Игор се запознале преку заеднички пријатели кои биле во врска. Вљубената двојка се венчаше и сега има две деца. Заедно со Викторија Шарова, сопругата на фудбалерот Олег Шаров, Екатерина ја основаше добротворната фондација „Играј и помогни“.
Артјом ја запозна Кристина на новогодишната вечер во 2012 година и веднаш сфати дека таа е „вистинската“. Се венчаа по само еден месец и Кристина се пресели од Нижни Новгород во Москва. На синот му го дадоа името Никита.
Зарема израснала во Владивосток, на југот од Русија, а по училиштето се преселила во Москва каде го запознала својот иден сопруг. Алан и Зарема се забавуваа неколку години, а склучија брак во 2012 година. Зарема е правник, но настапува и во Московскиот ансамбл на осетински игри.
Рамина е главен навивач на Роман Зобнин и мајка на нивниот син Роберт. Двојката се запознала во Тољати, откако Рамина дошла на стадион да го гледа натпреварот на локалниот фудбалски клуб, а младиот спортист потоа го нашол нејзиниот профил на една социјална мрежа и прв ѝ пишал.
Рамина е присутна на сите натпревари на својот сопруг. Кога Роман сериозно се повреди, ги замоли неговите навивачи да снимат видеопорака, да го поддржат и да му посакаат брзо закрепнување. По два месеци фудбалерот веќе беше на теренот. Тоа е љубов!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче