ФОТО: Викторија Лопирева, жешката амбасадорка на Мундијалот во Русија!

Григориј Сисоев/Sputnik
Високите потпетици и вечерната тоалета не се она што Викторија го сака најмногу.

Модел, Мис на Русија, стручњак за фудбал, ТВ водителка, амбасадорка на Мундијалот во Русија – сето тоа го постигна руската убавица Викторија Лопирева.  

Родена во Ростов на Дон, Викторија го кршеше мразот во многу нешта. Не е само првата жена од нејзиниот град која станала Мис на Русија (2003) туку и првата руска ТВ водителка на емисија посветена на фудбалот, а неодамна стана првата жена-амбасадор на ФИФА која не се занимава со спорт.

Во тинејџерските години Викторија се посвети на спортот и учењето и без оглед на изгледот никогаш не сакаше да стане манекенка. Али нејзината мајка испрати фотографии од 16-годишната Викторија на првиот конкурс на убавина, каде таа дојде до финалето. По неколку години стана Мис на Русија, а тоа веќе ѝ го отвори патот до телевизијата.

Викторија Лопирева и Фјодор Смолов

Викторија во 2008 година е поканета да води ТВ емисија за фудбалот. Дури и нејзиниот приватен живот беше во знакот на фудбалот, затоа што едно време беше мажена за Фјодор Смолов, фудбалер на руската репрезентација.

Кога Русија стана домаќин на Мундијалот 2018, ФИФА ја избра Викторија за амбасадор. „Мојата работа првенствено се состои од тоа да ѝ раскажувам на странската публика за Русија, за нашиот народ и зошто шампионат е толку важен за нас“, рече Лопирева во едно интервју.

Фудбалот не смее да биде поврзан со политиката, вели таа и верува дека обичните луѓе во светот имаат многу заеднички нешта: „Кога одиме кон нешто со мали чекори, можеме да ги поминеме сите пречки во нашите односи кои се вештачки створени“. Очигледен пример за овие зборови е гостувањето на Манчестер Јунајтед 2017 година во Ростов. Лопирева тогаш се погрижи англиските навивачи да добијат ќебиња и топол чај.  

Лопирева како промотер на ФИФА во Русија соработуваше со многу ѕвезди на фудбалот како што се Пол Погба, Нејмар и Хорхе Сампаоли.

По образование е економист, а ги продолжува студиите за спортски менаџмент во Вишата школа за економија во Москва.

Деловните обврски често ја носат на пат и не ѝ даваат да се наспие. Викторија признава дека нема многу време за спорт, рекреација и диета. „Под постојан стрес сум, јадам малку, а понекогаш и заборавам на храната. Секогаш сум во движење“, вели таа.  

Викторија дури не ни сака да размислува за облеката. Признава дека купувањето на облека и шминка за неа е вистински кошмар. „Во обичниот живот носам маички и фармерки, а косата ја врзувам во репче“.

Не пропуштајте да ја видите и ова руска убавица: Уапсете ме! Гостите на Москва ја најдоа најубавата Русинка во полициска униформа

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња