Видео: На интернет „ѕирнаа” во гепекот на Путиновата лимузина

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа отворен багажникот на автомобилот Aurus од проектот „Кортеж” на претседателот на Русија Владимир Путин.

Снимката се појави на Telegram-каналот на RIA_Kremlinpool. На неа возачите на претседателот го отвораат гепекот за да го избришат возилото. Се гледа дека има нешто во багажникот, но не се гледа што точно е тоа.

Лимузината „Кортеж” првпат ѝ беше претставена на јавноста на инаугурацијата на претседателот Владимир Путин. Путин првпат во јули се возеше во „Аурус“ и надвор од Русија, кога со авион отиде во Хелсинки на состанок со американскиот претседател Доналд Трамп.

Верзијата на „Аурус” за отворениот пазар беше претставена на Московскиот саем на автомобили.

Прочитајте повеќе: Популарноста на лимузината „Кортеж” ги надмина и најоптимистичните очекувања