Новиот руски автомобил од делукс класа Aurus (верзија на претседателскиот „Кортеж” наменета за отворен пазар) нема да може да се набави ни во 2019, ни во 2020 година поради големиот број примени порачки, соопшти генералниот директор и сосопственик на компанијата Sollers Вадим Швецов.
„Можам со гордост да кажам дека ни во 2019 ни во 2020 година нема да постои можност за купување на автомобилот Aurus, затоа што пребукирани со порачки две години однапред. Тоа покажува дека постои голем интерес за овој потфат, за производството на современи автомобили од делукс класата во Русија“, рече Швецов.
Во август беше објавено дека производството на автомобилот Aurus по 2021 година ќе биде префрлено во нов капацитет. Во моментов автомобилот се произведува во Федералното државно унитарно претпријатие „НАМИ”.
Претпријатието досега ги претстави седанот и лимузината Aurus Senat на Московскиот саем на автомобили.
Автомобилот „Кортеж” првпат ѝ беше претставен на јавноста на инаугурацијата на претседателот на РФ Владимир Путин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче