Директорката и сопственичка на културно-рехабилитацискиот центар „Радуга“ Дарја Кириенко има намера да изгради камбанарија на брегот на Бајкалот за да одекнуваат црковните ѕвона далеку по езерото. Нејзините зборови ги пренесува информативната агенција „Восток-Телеинформ“.
Според нејзината изјава, ќе бидат поставени 13 камбани од кои најмалата ќе биде тешка 108 килограми. До таков заклучок Кириенко дошла по консултациите со физичари.
„Ѕвонењето ќе се слушне до средината на Бајкалот. Камбанаријата нема да има куполи. Тоа ќе биде метална конструкција. За да се подигне нема да мора да се исече ниедно дрво. Напротив, дрвјата на брегот ќе го одбиваат звукот на камбаните во правец на Бајкалот“, изјави Кириенко.
Според неа, во Русија веќе имало слични проекти, на пример, камбанаријата во Сочи, но конструкцијата на Бајкалот ќе биде поголема и ќе стане нова знаменитост на Бурјатија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче