Црквата Поров на Пресвета Богородица на реката Нерл (изградена во 1165 година) недалеку од селото Богољубово е еден од најголемите архитектонски споменици на руската архитектура. Црквата веќе е под заштита на УНЕСКО. Ова прекрасно здание е изградено на вештачки рид, на местото каде што се среќаваат реките Нерл и Клјазма. Петметарскиот фундамент на црквата е направен специјално за да се заштити истата од поплави. Црквата е изградена за само една година.
Чудо е тоа како оваа црква преживеала на местото каде што се спојуваат двете реки до денешен ден. Во 18 век, игуменот во Богољубскиот манастир решил да се разруши црквата, бидејќи не носела никаков профит, а биле потребни тули за изградба на локалната манастирска камбанарија. За среќа, игуменот немал доволно средства за да започне со уривањето. За жал, оригиналниот ентериер е изгубен во текот на реконструкцијата во 1877 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче