Оживување на црковните ѕвона

Производството на ѕвона во Русија оживеа и градот Воронеж стана еден од центрите на враќање на заборавените вештини.

Фотографии: Григориј Кубатјан.

За време на подемот и падот на СССР руските црквени ѕвона во голема мера молчеа: тие беа уништени, се извезуваа од земјата, беа заборавени во темните агли на помошни црквени згради. И пред Октомвриската револуција во Русија секоја година беа леени до 2 тона црковните ѕвона. За споредба, најголемот ѕвоно во светот е московското Цар-ѕвоно,тешко 200 тони. Тоа значи, дека во Русија пред револуцијата се лееле само такви гиганти, секоја година биле произведувани најмалку 10 парчиња!

Денес производството на ѕвона во Русија доживува препород. Градот Вороњеж стана еден од центрите на обновување на заборавената вештина. Валриј Анисимов, претприемач од Вороњеж, во 1989 година отвори леарница на преиферјата на градот и досега има излиено околу 20 илјади ѕвона.

Анисимов смета дека овој бизнис не носи толку пари, колку што е „корисен за душата‘‘. Ианку трошоците мораат да се сведат на минимум, инаку фабриката воопштно нема да може да опстои. Тоа значи дека не се влегува во должничко ропство со земање кредити од банка и да не се купува скапа западна опрема, туку старите советски машомо да се оспособат за да ја извршатистата работа.

Валериј име нешто повеќе од 55 години. Својата фирма ја нарекол „Вера‘‘ во честна својата жена, но и во чест на христијанските доблести. Темната долга коса на овој индустријалец е врзана на тилот и е свиена како кај монасите, а на брадата веќе се гледаат неколку бели влакна. Валериј се крсти веднаш штом ќе види некој храм, а во Вороњеж гиима многу. Зборува смирено, но енергично, тешко да му упаднеш во збор. Говорот му е прошаран со црквенословенизми – доаѓа до израз видот на работата: основен нарачател му е Руската православна црква.

Еве сме во Шилово, населба неделакеу од Вороњеж, каде Анисимов го отворил своето прво претпријатие. Неколку фабрички хали, управна зграда, печки, метални калапи, кран-гасеничар и уште еден кознолен кран, украсен со 'рѓа „од старите денови‘‘, кој чкрипи изавива по шините како во финална сцена на некој холивудски акциски филм.

„Што имало тука порано?‘‘, го прашувам.

„Имаше песок. Ова самиот го изградив.“

Насреде кругот на фабриката стои огромно бронзено ѕвоно тешко над 16 тони, што отприлика е тежина на четири минибуси сосе патниците. Работниците се залепиле околу огромната бронзена купола како пчели за мед и дупчат, стругаат, полираат.

„Во дамнина еде орнамент се обработувал и до половина година, зашто се обидувале даго доведат до совршенство. А, ние сакаме сето тоа да го направиме за еден ден!‘‘, вели Анисимов. Небаре се лути што нарачателите му дале многу малку време, ама всушност се гордее. Од песочното брусење сиот простор околу ѕвоното е покриено со песочна прав.Уште малку и тој дел од фабриката ќе се претвори во плажа, но таква на која на човека нему е до одмор.

Одиме по скалите кон неговиот кабинет. На ѕидовите висат државни и црковни пофалници „за усрден труд‘‘, фотографии со патријархот Алексеј, сведителство за посетана Светата земја. Покрај вратата одделно виси патент од Државниот комитет на СССР за пронајдоци и откритија од 28 јуни 1991 година за индустрискиот модел „горен делод ѕвоно‘‘. Тоа е еден од последните патенти издадени во СССР. Неодамна Анисимов изградил нова хала и има намера да ја прошири работата, односно да не лее само ѕвона, туку и бродски пропелери. Макета од идниот производ направен од Лего коцки стои на прозорецот.

„Ја виде ли старата железничка цистерна во дворот? Тоа ќе биде печка. Ќе лееме и пропелери и најголеми ѕвона. Еве, на пример Виетнамците сакаат да нарачаат ѕвоно од 250 тони. Ќе биде најголемо на светот.‘‘

Првите години работа во фабриката беа најтешки. Мораше да се почне практично од нула. Немавме ниту искуство, ниту знаење. Валериј ја проучувал технологијата на изработкана ѕвона по една книга од почетокот на 20 век, која случајно ја нашол во Лениновата библиотека во Москва. Сега веќе може да се зборува за високотехнолошко производство. Моделот на ѕвоното се пресметува на компјутер, а иконите, кои уметниците ги насликалена восок, се скенираат и се внесуваат во базата на податоци, по што ласерот автоматски гиврежува на потребната површина со потребната големина.

Анисимов смета дека овој бизнис не носи толку пари, колку што е „корисен за душата‘‘. Ианку трошоците мораат да се сведат на минимум, инаку фабриката воопштно нема да може да опстои. Тоа значи дека не се влегува во должничко ропство со земање кредити од банка и да не се купува скапа западна опрема, туку старите советски машомо да сеоспособат за да ја извршат истата работа.

Руските црковни ѕвона се потешки од оние во Европа и не се клатат, се клати само клатното, зашто ако се придвижи бронзениот џин, може да се урне целата камбанарија.

„Сѐ треба да се направи најмалку десетпати поевтино. Евем на пример, за да се натовари супертешко ѕвоно, треба да се изнајми кран Liebherr, а тоа е 650 илјади рубли за еден работен ден. Наместо тоа може да се најмат петмина трактористи, а тоа е по илјада рубли за секој. Назима го товариме ѕвоното на санка, го насипуваме патот со снег и ја влечеме до Дон, а оттаму на товарен врод, па на пристаниште. Ако ми бараат многу пари за превоз до пристаниште, тогаш купувам цел брод, па потоа го продавам во Новоросијск.

Многумина се обидуваат да се офајдат од скапите бронзени ѕвона: да добијат пари и слава.

„Црквата никогаш не ги плаќа ѕвоната, Ги плаќаат 'новокомпонирани бизнисмени', 'спонзори'. А, со парите управуваат посредници: овој фонд, оној фонд, Министерството за култура како покровител‘‘, вели Асимов.

Пратениците, сенаторите, губернаторите и други видни личности сакаат да 'помогнат' во леењето на ѕвона и да го остават своето име на бронзата. Тоа не е ништо чудно. Ако руските цареви имале свои ѕвона, зошто секашните властодршци да бидат исклучок? Потомците нека ги почитуваат како мецени и добротворци. Името на ѕвоното не е предизборен плакат или интервју на телевизија, тоа е директен пат кон вечноста, така стануваат поблиски до Бога!
„Со овие натписи секогаш имаме проблеми. Нарачателите ни сами не знаат што сакаат. Често се јавуваат на телефон и бараат нешто да се измени. Меѓутоа, дизајнот на секоеѕвоно мора да го одобри патријархот. На пример, имавме украс за ѕвоното на Лаврата. Од една страна православни икони, а покрај нив две мали сликички, а на нив Путин и патријархот. Јас можам да излеам како што бара нарачателот, ама од каде да знам да ли патријаргот ќе одобри Путин да биде прикажан на ѕвоното?!‘‘
Руските црковни ѕвона се потешки од оние во Европа и не се клатат, се клати самоклатното, зашто ако се придвижи бронзениот џин, може да се урне целата камбанарија! Колку е ѕвоното помасивно, звукот му е понизок и се слуша подалеку. Штета што денешните метрополи не можат во целост да уживаат во звуците на црковните ѕвона, зашто колку и да е големо ѕвоното, тоа не може да ја надгласи вревата од автомобилите и од градилиштата. Но, сѐ дури постојат компании како што е „Вера‘‘, постои надеж декаво манастирите и во малите градови на Русија, благодетниот ѕвон ќе ги радува луѓето како некогаш.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња