Царскиот плоштад и Цар-камбаната во Кремљ во раните 1900
Global Look PressЦар-камбаната е излеана во XVIII век и сѐ уште е најголемата камбана на светот. Со тежина повеќе од 202 тони и висина повеќе од 6 метри, никогаш не била поставена во камбанарија и никогаш не ѕвонела.
Одлуката да се излее огромна камбана за Кремљ е донесена од царицата Ана Јоановна во 1730 година. По 18 месеци подготовки, камбаната е излеана во 1735. Како резултат на оган две години подоцна, камбаната паѓа од конструкцијата, при што едно парче се откршува. Повеќе од еден век стои во дупка, затоа што инженерите не знаеле како да ја извадат.
Дури во 1830-те францускиот архитект Огист де Монтферан, кој го изгради Соборниот храм „Св. Исак“ во Санкт Петербург, смислува план како да ја подигне Цар-камбаната од дупката. Откако е направено тоа, камбаната е ставена на пиедестал во Кремљ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче