Во Централниот институт за производство на авиомотори (ЦИАМ) „Баранов” почна работата над конверзија на моторот на автомобилот „Кортеж“ во воздухопловен мотор, соопшти генералниот директор на институтот Михаил Гордин.
„Склучивме договор со Министерството за индустрија и трговија за реализација на работите под шифра „Адаптација“ кои опфаќаат испитување на методологијата на претворање на мотор на автомобил во мотор на авион. Ние го земаме моторот од „Кортеж“ и од него правиме авиомотор“, рече Гордин во интервју за руските медиуми.
Според него, кога ќе завршат работите, ќе биде направен модел кој ќе ја демонстрира работата на моторот.
Гордин истакна дека проектот има за цел да ни открие што треба да се смени во моторот на автомобилот за да стане авиомотор.
„Работата е во тоа што моторот на автомобилот се произведува во големи серии и што нивната цена за производство е значително пониска. Затоа од нив е можно да се направат релативно евтини авиомотори. Го зедовме„Кортеж“ затоа што тој е најсовремениот мотор на автомобил во Русија“, рече тој.
Тој додаде дека планот предвидува дека проектот за година и половина до две ќе премине во фаза на експериментално-конструкторски работи.
Освен тоа, Гордин рече дека за две-три години ќе се појават клипни мотори за беспилотни летала и авиони на малата авијација.
„Постојат нацрти врз основа на кои можат да се вршат експериментално-конструкторски радови (ОКР). За сето тоа е потребно најмногу три години. А ако зборуваме за некои нови научноистражувачки работи, тоа значи четири-пет години”, рече тој.
Во моментов, истакна Гордин, работиме на техничките нацрти за конкретни типови на моторот. Направен е модел на мотор со мала сила, врз чија основа ќе се вршат експериментално-конструкторските работи. Подоцна ќе се појави пробен модел, а потоа сериски мотор за беспилотни летала.
Според него, можно е како создавање на нови мотори, така и модернизација на постојните со користење на нови конструкциски материјали и современи системи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче