Силен одред на Тихоокеанската флота во чиј состав се наоѓа и нејзиниот главен брод – ракетниот крстосувач „Варјаг“, големиот разурнувач Адмирал Пантелеев“ и големиот морски танкер „Борис Бутома“ впловија во пристаништето Ќиндао (Народна Република Кина), соопшти денеска информативната служба на Тихоокеанската флота, пренесува рускиот интернет портал Интерфакс.
Во програмата на оваа посета е планиран состанок на командантот на рускиот поморски одред, контраадмиралот Едуард Михајлов и неговите потчинети со командантот на Северната флота на Народно-ослободителната армија на Кина и првите луѓе на градот Ќиндао. Исто така, предвидена е и програма за меѓусебна интеракција и запознавање на екипажите со организирани посети на руските и кинеските воени бродови, каде морнарите ќе се запознаат со нивните главни карактеристики.
Рускиот поморски одред ќе остане во територијалните води на Народна Република Кина сѐ до 25 октомври.
Воените бродови на Тихоокеанската флота пред дваесетина дена го започнаа својот тримесечен поход од главното пристаниште во Владивосток. Оваа група бродови, предводена од ракетниот крстосувач „Варјаг“, ќе реализира низа комплексни боеви вежби во текот на својата пловидба која главно ќе се одвива во регионот на северозападниот и западниот Пацифик, а покрај НР Кина во план е посета и на морнариците на Јапонија и Република Кореја.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче