Секое чудо за три дена: Фифти Сент веќе успеа да му се налути на Хабиб Нурмагомедов

Jason Silva/ZUMAPRESS.com/Global Look Press

Американскиот рапер Кертис Џексон, познат под псевдонимот Фифти Сент, мошне грубо одговори кога Хабиб одби да премине во „Белатор“ за понудените 2 милиони долари.

„Уште еден пример за лошо работење на менаџерот. Оваа будала во евтин костум зборува за големи пари! Па тоа е смешно“, ги коментираше музичарот зборовите на менаџерот на Нурмагомедов Али Абдел Азиз, по што Хабиб реагираше со зборовите „внимавај што зборуваш за моите браќа“.

Претходно Абдел Азиз одговори дека Хабиб нема намера да го напушти шампионатот на UFC за помалку од 50 милиони долари.

Првиот човек на „Белатор“ Скот Кокер од своја страна истакна дека предлогот на раперот нема никаква врска со „Белатор“ натпреварувањето. „Мислам дека  Фифти Сент му ги предложи на Хабиб своите менаџерски услуги. Не е мое да му кажувам на Кертис што смее да каже, а што не смее“, рече Кокер.

Фифти Сент како голем поклоник на ММА борбите му предложи на Нурмагомедов да прејде во „Белатор“ поради проблемите кои настанаа по мечот против Конор Мекгрегор. „Мислам дека UFC не постапува правилно. Не го казнија Конор Мекгрегор, а го казнуваат Хабиб. Јас давам два милиона долари во кеш уште денес ако Хабиб се тепа за мене во „Белатор“, изјави раперот.

Прочитајте повеќе: Американскиот ММА борец Мајкл Чендлер: Само јас на планетата Земја можам да го победам Хабиб

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња