Американскиот ММА борец Мајкл Чендлер: Само јас на планетата Земја можам да го победам Хабиб

Скриншот

Мајкл Чендлер изјави дека тој е единствениот човек кој може да го победи рускиот UFC првак.

Американскиот ММА борец Мајкл Чендлер изјави дека тој е единствениот човек на планетата Земја кој може да го победи Хабиб Нурмагомедов. Наведената изјава тој ја објави на својот профил на „Твитер“.

„Јас сум единствениот човек на планетата кој може да го победи Хабиб. Секој друг е или жртвено јагне или е тука заради пари. Јас сум единствениот во лесна категорија кој може да ја добие таа битка!“, напиша Чендлер.

Претходно раперот Фифти Сент му предложи на Хабиб Нурмагомедов да премине од UFC во ривалскиот „Белатор“, каде што се бори Чендлер. Раперот е подготвен да плати два милиони долари за борба на Нурмагомедов и да му обезбеди авион за да дојде на турнирот.

Хабиб Нурмагомедов неодамна го победи Конор Макгрегор и ја одбрани титулата на UFC првак. Борбата се одржа во „Т-Мобајл“ арената во Лас Вегас. Првите две рунди доминираше Нурмагомедов, додека третата помина во рамноправна борба. Во четвртата борба Нурмагомедов успеа да го победи Макгрегор со зафат на гушење и на тој начин ја одбрани шампионската титула.

Прочитајте повеќе: Хабиб се закани дека повеќе нема да учествува во борби во организација на UFC

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња