Хабиб се закани дека повеќе нема да учествува во борби во организација на UFC

Jason Silva/ZUMAPRESS.com/Global Look Press

Хабиб Нурмагомедов ѝ се закани на организацијата Ultimate Fighting Championship со раскинување на договорот доколку поради сеопштата тепачка која изби во октагонот биде казнет членот на неговиот тим Зубајра Тухугов. Првиот човек на UFC Дејна Вајт веднаш по тепачката изјави дека сите луѓе на Хабиб кои го нападнаа Конор во „кафезот“ никогаш повеќе нема да се борат на неговите турнири.

Денеска Хабиб Нурмагомедов на својот Инстаграм профил го објави следново обраќање до организацијата UFC: 

„Зошто не го раскинавте договорот со оние кои нападнаа автобус и ранија неколку луѓе? Можеа и да убијат. Зошто никој не зборува за навредувањето на мојата татковина, религијата, нацијата, семејството? Зошто го казнувате само мојот тим, кога се тепаа двата тима? Велите дека јас му го започнал тоа, а јас не се согласувам. Јас само го завршив она што го почна тој (Конор Мекгрегор – заб. на ред.) 

Во секој случај, казнете ме мене. Зошто го казнувате Зубајруа Тухугова? 

Сте се излажале ако мислите дека ќе молчам. Ја откажавте борбата на Зубајра и сакате да го отпуштите само затоа што го удрил Конор, кога Конор прв го удри мојот друг брат. Сѐ се гледа на снимката.

Тогаш, да знаете дека ќе ме изгубите заедно со него. Ние во Русија своите не ги оставаме и јас за својот брат ќе одам до крај. Ако сте решиле да го отпуштите, испратете ми и мене раскинат договор“.

Хабиб исто така порача дека можат да го задржат хонорарот за борбата од 6 октомври кој сѐ уште не му го исплатиле (2 милиони долари – заб. на ред.). 

„Ние ја одбранивме својата чест и тоа е најважно. А за Браќата одиме до крај!“

Прочитајте повеќе: Путин му честита на Хабиб: Сите ние Русите можеме така да скокнеме што нема знаат што ги снашло

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња