Првиот човек на UFC Дејна Вајт го откри износот на паричната казна за Хабиб Нурмагомедов поради нередите по борбата со Конор Мекгрегор.
„Мислам дека казната ќе изнесува 250000 долари“, ја пренесуваат медиумите изјавата на Вајт. Хонорарот за „борбата на векот“ во Лас Вегас во износ од 2 милиони долари дагестанскиот борец и шампион на UFC во лесна категорија Нурмагомедов сѐ уште не ја добил, но го задржа шампионскиот појас кој им го покажа денеска на своите навивачи во Махачкала.
На стадионот на фудбалскиот клуб „Анжи“ дојдоа повеќе од 20000 навивачи, а Хабиб се појави на теренот во придружба на татко си Абдулманап, членовите на својот тим и претставници на регионалните власти.
„Го молев Бога секој ден за едно – да ме остават сам во кафезот со тој кловн. Го барав тоа од него секој ден. Многу беше кажано надвор од кафезот, а јас повторував дека кога вратите на октагонот ќе се затворат, не одговарам за своите постапки. Во врска со она што се случи подоцна, некои велат дека сум згрешил, некои дека сум го сторил вистинското нешто. Орелот не можете да го задржите во кафез“, рече шампионот на UFC.
Инаку некои медиуми пренесуваат дека уплашениот Мекгрегор му се извинувал на Хабиб во текот на борбата. На крајот на една рунда тој наводно рекол „ова е само бизнис“, односно „it's only business“.
Но на снимката подолу тие зборови звучат повеќе како „немој да нѐ (ме) бакнуваш“ - „don't kiss us“.
Khabib vs McGregor fight talk subtitled! Here’s most of what has been said between the two during the fight. Man, Khabib followed up on his wordspic.twitter.com/9LLY0yRoFV
— #XhakaBall (@26W12D0L49UnBTN) 8 October 2018
Во секој случај, Абдулманап, таткото на Хабиб, изјави дека му ги проштева на Конор сите навреди кои тој му ги упати нему и на неговиот син. „Сето тоа остана во минатото“, напиша Абдулманап на „Инстаграм“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче