Дагестанецот Хабиб Чеченците го угостија како брат: Кадиров му подари на шампионот нова „мечка“

Jason Silva/ZUMAPRESS.com/Global Look Press

По средбата со Владимир Путин шампионот на UFC во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов на покана на првиот човек на Чеченија Рамзан Кадиров се упати во Грозни, каде беше прогласен за почесен граѓанин.

Регионалниот општествен фонд наречен во чест на поранешниот претседател на Чеченија, Рамзановиот татко Ахмат Кадиров, му подари на Нурмагомедов автомобил Mercedes-Benz S (W222). Пријателот на Нурмагомедов и самиот борец во мешани боречки вештини Шамил Завуров објави фотографија од новата „мечка“ на „Инстаграм“ со коментар дека им била укажана уште поголема чест со тоа што Кадиров лично ги испратил до граница.

Инаку, анкетата на Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) покажува дека на 6 октомври 89% од државјаните на Русија навивале за Хабиб Нурмагомедов во борбата против Ирецот Конор Мекгрегор.

За борбата знаеле 90% од испитаниците. 77% од оние кои биле за дагестанскиот борец навивале за него затоа што тој ја претставува Русија, 12% затоа што не им се допаѓа однесувањето на Мекгрегор и 11% затоа што Хабиб е подобар борец.

За Ирецот навивале 5% од државјаните на Русија. Едни поради тоа што не го сакаат Нурмагомедов, а други затоа што им се допаѓа стилот на борба на Конор.

Потсетуваме дека пред борбата на 6 октомври објавивме текст со објаснување зошто Русите не можеа да се одлучат за кого да навиваат

Погледнете ги најсмешните руски мемови посветени на борбата Хабиб - Конор:

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња