Путин му честита на Хабиб: Сите ние Русите можеме така да скокнеме што нема знаат што ги снашло

Kremlin Pool/Global Look Press

Претседателот на Русија Владимир Путин им честиташе на шампионот на UFC во категоријата до 70 кг Хабиб Нурмагомедов и на неговиот татко и тренер Абдулманап на победата во мечот против Конор Мекгрегор. 

Тоа е комерцијален спорт, рече Путин, но сепак мораат да се почитуваат одредени правила.

„Не само правилата на хартија, туку и општите и моралните правила. Се надевам дека во тој вид на спорт сите ќе се придржуваат до тие правила. Да, ти таму се претставуваше пред сѐ себе, а не државата, но нам во Русија не ни е сеедно како се однесуваат спрема нашите државјани, каде и да се и што и да прават. Затоа внимателни следевме сѐ. И ќе го замолам татко ти да не те казнува строго, затоа што, сепак, ти си ја изврши својата главна задача. Ја доби таа борба достојно и убедливо“, му рече претседателот на Русија на Хабиб Нурмагомедов. 

Спортистот од своја страна рече дека се надева дека ќе го оценат не само неговиот скок преку оградата, туку и самиот настап во октагонот. „Засега зборуваат само за тој скок, иако не настапив лошо, за разлика од него (Конор Мекгрегор – заб. на ред.), кој искажа непочитување спрема мојата држава, моите родители. Достојно се држев. Во некои моменти сепак не можев да се контролирам, затоа што провокациите продолжуваа и во текот на мечот. Се надевам дека судот (во Невада, САД – заб. на ред.) ќе заврши во наша полза“.

„Јас сметам дека ние во нашата држава сме едно големо семејство“, истакна Путин. „И што и да се случува, мораме да ги избегнуваме крајностите, не смееме да дозволиме такви скокови. Се разбира, и во семејството може сешто да се случи, но не смееме да преминуваме некои граници. Кога некој отстрана не напаѓа, не само ти, сите ние можеме така да скокнеме што нема да знаат што ги снашло. Но подобро да не дојде до тоа“, заклучи Путин и му посака на Нурмагомедов успех во спортската кариера.

Прочитајте повеќе: Борба и тепачка по борбата: Како Хабиб Нурмагомедов го победи Конор Макгрегор

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња