На интернет се појави информација дека вчера, 28 септември, во попладневните часови на пистата на руската воздухопловна база „Хмејмим“ во Сирија слетал специјален авион Ту-214 (евиденциски број RA-64517).
Овој авион претставува специјална верзија на леталото кое фабриката за воздухоплови КАПО го комплетираше за потребите на руското Министерство за одбрана, поточно за Специјалниот воздухопловен одред „Русија“, формиран за превоз на највисоките државни функционери на Русија.
Во него е интегрирана софистицирана електронска опрема, така што овој авион всушност претставува летечки команден пункт. Опремен е со многу комфорен ентериер за патување, како и со разновидни уреди за врска и командување. Благодарение на вградените дополнителни резервоари е проширен капацитетот за гориво така што леталото има долет од импозантни 10500 км.