Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Русија за две недели ќе ѝ предаде на Сирија модерен систем за ПВО од типот С-300, кој е способен за пресретнување на летата на дострел до 250 километри и може истовремено да гаѓа неколку мети.
Се истакнува дека С-300 драстично ќе ги зајакне борбените способности на сириската ПВО.
Медиумите претходно соопштија дека одговорот на Русија на соборувањето на авионот Ил-20 поради активностите на израелската страна би можел да доведе до тоа на Израел да му бидат „потскратени крилјата“, односно на израелските авиони да им биде ограничен пристапот до сирискиот воздушен простор.