Сириските „Печора-2М“ подготвени да пречекаат потенцијален воздушен напад врз Дамаск

Ракетен систем за противвоздушна одбрана „Печора-2М“

Ракетен систем за противвоздушна одбрана „Печора-2М“

Слободан Ѓукиќ
Се претпоставува дека сириската војска располага со 12 оперативни системи „Печора-2М“ кои со помош на руски стручњаци доби значаен пакет на модернизација. Притоа се применети современи компјутерски технологии кои овозможија ефикасна примена на овој систем против различни цели кои летаат со брзина од 3600 км/час.

Повторното зголемување на тензиите околу Сирија, предизвикано од информацијата за наводна подготовка на повторни воздушни удари врз оваа земја од страна на Војската на САД, се рефлектираше врз единиците за ПВО на сириската војска која прејде во состојба на зголемена борбена готовност. Заедно со ракетните системи „Бук-М2Е“ и хибридните топовско-ракетни системи „Панцир-С1“, во режим на зголемена борбена готовност преминаа и екипажите на ракетните системи „Печора-2М“. На интернет се појавија фотографии на кои се гледаат огнени позиции на модернизираниот противвоздушен ракетен комплекс кој се наоѓа во состав на сириската војска.

За разлика од медиски поекспонираните „Бук“ и „Панцир“, модернизираниот ракетен систем „Печора-2М“ мошне ретко се појавува пред ТВ-камерите и фотоапаратите, а мнозинството објавени сними датира уште од пред 5-6 години.

Се претпоставува дека сириската војска располага со 12 оперативни системи „Печора-2М“ кои со помош на руски стручњаци доби значаен пакет на модернизација. Притоа се применети современи компјутерски технологии кои овозможија ефикасна примена на овој систем против различни цели кои летаат со брзина од 3600 км/час.

Како резултат на модернизацијата се доби можност за пресретнување/соборување на разновидни летечки објекти како што се крстосувачки ракети, беспилотни летала, авиони за различна намена кои поседуваат технологии за намалена радарска видливост. Хоризонталната далечина на пресретнување на овие цели достигнува  32000 метри, а висината се движи во однос 0,020-20000 метри. Притоа воздушните објекти можат да летаат со брзина од 1000 м/с.

Целиот систем може да биде и мобилен затоа што се поставува на шасија на камионот МЗКТ-8021 кој има погон 6х6 и која може да развие брзина и до 60 км/час.

Печора-2М

Прочитајте повеќе: Сирија: Руските „Панцири“ собориле 42 беспилотни летала изминативе 45 дена?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња