Руската лизгачка Александра Трусова првпат во историјата на женското лизгање изведе четирикратен луц

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Четиринаесетгодишната руска лизгачка Александра Трусова првпат во историјата на женското уметничко лизгање го изведе на официјален натпревар најтешкиот четирикратен скок: луц со четири вртења. Ова го објави порталот Sports.ru.

Трусова го изведе скокот на 7 септември во етапата на јуниорското Гран-при во Литванија.

Судиите оценија дека четирикратниот луц на Трусова не би комплетен. Спортистката за скокот доби 8,02 бода, додека за чисто изведен четирикратен луц се добива 11,5 бодови.

Спортистката дури ја направи и првата во историјата низа скокови составена од четирикратен и трикратен тулуп. Освен тоа, таа постави нови јуниорско светски рекорди според бодовите во слободна програма (146,70) и според конечна оцена (221,44).

Луц е најтешкиот скок во уметничкото лизгање, со исклучок на акселот. Претходно четирикратен луц на официјалните натпреварувања изведуваа само мажите. Мината сезона Трусова првпат во историјата на женското уметничко лизгање на официјални натпреварувања изведе два четирикратни скока: салхов и тулуп.

Погледнете ја новата ѕвезда на уметничкото лизгање Александра Трусова