Видео: Русинката Трусова на отворената контролна проба прва во светот направи четирикратен луц

Александра Трусова

Александра Трусова

Yusuke Nakanishi/AFLO/Global Look Press

Првпат во историјата на уметничкото лизгање четиринаесетгодишната Русинка Александра Трусова, светска јуниорска првенка, на контролната проба на националниот тим во подмосковски Новогорск изведе четирикратен луц и два полни четирикратни тулупи. 

Најкомплицираниот од сите скокови – четирикратниот луц – досега е виден само во изведување на лизгачи (мажи), а руската спортистка рече дека ѝ требале два месеца да го совлада овој елемент. Трусова важи за единствената во светот лизгачка која може да изведе толку богата програма, пишуваат руските медиуми.

Трусова го изведе четирикратниот луц – кој можат да го направат само мал број мажи – исклучително квалитетно, а дали ќе го повтори тоа и на натпреварувањето, зависи само од неа. Ова не беше настап на тренинг, туку на контролна проба во која, иако неофицијално, се вклучија и судиите и стручњаци, давајќи им потоа совети на спортистите, а присуствуваше и одреден број гледачи, истакна претседателот на Федерацијата на уметничко лизгање Александар Горшков.

„Освен наведениот луц, Трусова изведе уште два четирикратни скока, што е исто така важно. На првата ваква проба во сезоната, во пресрет на јуниорското Гран при, емоционалниот набој кај спортистите не е ништо помал, а можеби е дури и поголем отколку на натпреварувањата“, изјави Горшков и додаде дека речиси сите членови на руската јуниорска репрезентација одлично ја поминале контролната проба.

Тој истакна дека и Ана Шербакова, уште едно девојче од групата на познатиот тренер Етери Тутбериѕе, која ја изведе и олимписката шампионка Алина Загитова, добро извела четирикратен луц, но само на загревањето, не успевајќи да го повтори тоа и на пробата.

Интересно е што во март оваа година се појави видеоснимка на која Трусова прави четирикратен луц на тренинг.

Првата фаза на јуниорскиот Гран при ќе биде одржана од 22 до 25 август во Братислава.

Погледнете ја новата руска ѕвезда на уметничкото лизгање Александра Трусова

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња