Александра Трусова
Yusuke Nakanishi/AFLO/Global Look PressВо историјата на женското уметничко лизгање имено никогаш досега не е забележано некоја дама да скокне четирикратен луц.
Луцот е, по акселот, втор по сложеност скок во уметничкото лизгање, а името го добил во чест на австрискиот лизгач Алојз Луц кој првпат го изведе далечната 1913 година.
Снимката на која се гледа како Александра успешно го изведува четирикратниот луц ја објави на својот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ Сергеј Розанов, тренер на познатиот клуб „Самбо-70“.
Претходно, на светското првенство за јуниори Трусова како прва лизгачка во историјата изведе два четирикратни скока во слободната програма – четирикратен тулуп и четирикратен салхов.
За техничката компонента на настапот таа доби рекордни 92,32 поени.
Талентираната руска спортистка оваа сезона победи на светското првенство за јуниори и финалето на јуниорското Гран при.
Првата и единствена лизгачка која пред Трусова успеа да изведе чист четирикратен скок на натпреварување беше Јапонката Мики Андо. Во финалето на јуниорското Гран при за сезоната 2002/2003 таа скокна четирикратен салхов.
Со текот на годините и зголемувањето на телесната тежина на лизгачките им е сѐ потешко да изведуваат комплицирани скокови, така што рекордите се постигнуваат во раната младост.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче