Во Медитеранот се одржани заеднички вежби на единиците на Воената морнарица (ВМФ) и Воздушно-космичките сили (ВКС) во текот на кои припадниците на единиците за специјални операции (ССО) исполнија низа задачи.
Припадниците на ССО изведуваа „мерки за спротивставување на саботери во зоните на операции на поморските сили и групирања на пловилата на ВМФ“, го пренесуваат медиумите соопштението на руското Министерство за одбрана.
Освен тоа, заедно со единиците на морнаричката пешадија, групите бојни бродови и морнаричката авијација, изведувани се и мерки и постапки за вршење поморски десант, борба против пиратите и спасување на заложници.
Војската увежбуваше заштита на борбените системи и крајбрежните постројки од саботажа на извиднички групи, како и заштита на пристапните канали на пристаништата од скриени минерски подморници.
Вежбите исто така опфаќаа и проверка на постапувањето на посадите на бродовите во текот на изведувањето на борбените задачи дење и ноќе, во прости и сложени хидрометеоролошки услови.
Ова е инаку прва здружена вежба на силите на руската Воена морнарица и Воздушно-космичките сили. Нејзиното траење е закажано за периодот 1-8 септември. Учествуваат 26 воени и други бродови на морнарицата, вклучувајќи и две подморници, како и авиони Ту-160, Ту-142, Ил-38, Су-33 и Су-30СМ.
Во текот на вежбите, како што претходно најави министерството, ќе бидат вршени и артилериски и ракетни гаѓања.
Коментирајќи ги „бурните“ реакции на Западот на овие вежби, министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров изјави дека секоја држава има право да врши маневри согласно меѓународното право.
Од 11 до 15 септември Русија исто така ќе ја организира и вежбата „Восток-2018“, што ќе биде најголем настан во организација на вооружените сили. На овие маневри ќе учествуваат и војските на Кина и Монголија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче