Песков: Путин речиси секојдневно препливува километар

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Русија Владимир Путин се занимава со спорт секојдневно по околу час и половина, а задолжително препливува еден по еден километар, изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

„Колку што разбрав, околу час и половина. Бидејќи плива нешто помалку од еден час, речиси секојдневно, секогаш кога за тоа постои можност, односно кога не оди, да речеме, на долги патувања. Дури и тогаш го препливува својот задолжителен за тој ден километар. Вежба и во сала, игра и хокеј“, рече Песков во интервјуто за телевизиската станица „Русија 1“, одговарајќи на прашањето колку време дневно шефот на руската држава издвојува за занимавање со спорт.

Љубовта на рускиот претседател спрема спортот е одамна позната, со тоа што во последно време Владимир Путин, според сопствено признание, го преферира пливањето.

Прочитајте повеќе: Што работи Владимир Путин „кога не работи ништо“?