Путин признава дека не користи смартфон

Во 2014 година портпаролот на Путин изјави за новинарите дека претседателот користи „други средства за комуникација“

Во 2014 година портпаролот на Путин изјави за новинарите дека претседателот користи „други средства за комуникација“

Михаил Климентјев/Sputnik
Сепак, ова не го спречува да биде во контакт со своите блиски пријатели.

„Рековте дека секој има смартфон, но јас немам, а и вие немате, нели? А тој вели дека сите имаат!“, рече претседателот на Русија Владимир Путин додека му се обраќаше на првиот човек на Институтот „Курчатов“ кој се занимава со истражување на нуклеарната енергија.

Путин го потврди она што на јавноста ѝ го соопшти во 2014 година неговиот портпарол Дмитриј Песков кога им изјави на новинарите дека претседателот користи „други средства за комуникација“.

Кога го прашаа Песков дали Путин е подготвен да им испрати СМС пораки на пријателите и да добие смајли како одговор, тој одговори „секој политичар е осамен“. Сепак, тој брзо додаде дека Путин има блиски познаници.

Прочитајте повеќе: Сè што некогаш сте сакале да знаете за Владимир Путин

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња