Класната на Путин: На училиште зрачеше со непресушна енергија, а понекогаш и бегаше од часови

Global Look Press
Вера Гуревич, класниот раководител на Владимир Путин, им раскажа на новинарите како нејзиниот поранешен ученик, ѓаволестото момче „со непресушна енергија“ во повисоките класови во средното училиште „го сврте листот“, ги поправил оцените и се запишал на факултет, а со неа до ден-денес останал во пријателски односи.

Класната на Путин рече дека шефот на руската држава како момче зрачел со огромна енергија. На прашањето дали имал лоши оцени, 85-годишната наставничка по германски јазик во пензија без  двоумење одговори дека сигурно имал, затоа што како мал бил немирен: „Во пониските одделенија на основното училиште, кога бегаше од часови, а на враќање ги отвораше сите врати и се јавуваше со „Ку-ку, јас сум“.

Според Вера Гуревич, идниот претседател притоа секогаш настојувал да ја оправда довербата на наставниците. Осмото одделение го завршил само со четворки и петки и се запишал во училиште со хемиска насока. Но, не го привлекувала. Тој отсекогаш бил личност со хуманистичка ориентација. Си поставил себеси цел да се запише на факултет. Конкуренцијата била голема, 30 кандидати за едно место, но успеал, добил само петки и една четворка на пишуваниот состав. Си го оствари сонот сам, без ничија помош, рече наставничката на Путин. Госпоѓа Гуревич истакнува дека и денес е во пријателски односи со рускиот претседател и дека нитките на духовната врска што ги споила никогаш не биле прекинати.

Вера Гуревич беше одделенски раководител на Путин од петто до осмо одделение во училиштето број 193 во Ленинград. На насоката за германски јазик на Факултетот за странски јазици на Ленинградскиот институт „А. Х. Херцен“ завршила 1958 година, кога и се вработила како наставник по германски во средното училиште број 193 во Реонот „Ѕержински“ во Ленинград. Ја напиша монографијата „Владимир Путин. Родители. Пријатели. Наставници“.

Прочитајте повеќе: Путин одговори на прашањето кој совет од татко му би им го пренел на внуците

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња