Александар Емелјаненко нема да се бори против сонародници

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Александар Емелјаненко го соопшти најважниот услов кој секогаш им го поставува на организаторите.

Александар Емелјаненко, руски борец во ММА (роден брат на познатиот Фјодор Емелјаненко), на 18 август ќе му излезе на мегдан на Тони Џонсон од САД во главната борба на турнирот на мешани боречки вештини WFCA 50.

„Јас никогаш не ги избирам противниците“, нагласи Александар. „Имам само еден услов кој секогаш им го поставувам на организаторите на турнирот, а тоа е да не излегувам во октагонот против руски борци. Во Русија нема толку многу тешкаши, и нам патиштата понекогаш ни се вкрстуваат. Кога веќе постои можност да се огледаме против ривалите од целиот свет, зошто тогаш да се тепаме едни со други?

За Александар Емелјаненко ова ќе биде шеста борба по големата пауза. Сите претходни мечеви тој ги доби со нокаут.

Погледнете ги најопасните руски ММА борци во акција