Емелјаненко го нокаутираше Мир во 48 секунда од мечот

Sputnik
Легендарниот руски мајстор на мешани боречки вештини Фјодор Емелјаненко однесе многу брза и ефектна победа над познатиот Френк Мир, поранешен шампион на UFC.

Ова четвртфинале на Гран-прито „Белатор“ за титулата шампион на ММА во тешка категорија беше најнеизвесното и најважното на целиот турнир, затоа што се соочија двајца познати борци на ММА – Американец и Русин кои на врвот на својата кариера беа непобедливи во своите лиги (UFC и Pride).

За обајцата победата во овој меч беше крајно важна. Фјодор ја изгуби претходната борба против Мет Митрион, кој го нокаутираше во првата рунда, па сега требаше да се надомести тој пропуст, а Мир поради допинг имаше казнена пауза од две години и сега сакаше на ефектен начин да се врати во октагонот.

Американецот од самиот почеток тргна во напад и дури и го затресе Фјодор, а потоа се обиде да го дотепа, но овој брзо се крена и со зафат го собори противникот, а потоа веднаш стана не сакајќи да премине во партерот, каде Френк е исклучително успешен.

Мир повторно тргна во напад без да си го штити лицетот, а Емелјаненко го искористи тоа и му зададе удар од кој Американецот загуби контрола и падна, по што Русинот брзо ја „заврши работата“, победувајќи со технички нокаут во 48 секунда од мечот. Тоа беше една од најбрзите победи во неговата кариера. Фјодор има вкупно пет победи во првата минута од мечот. Во кариерата на Мир, ова е најбрзиот пораз.

На прашањето што чувствува по победата, Емелјаненко рече: „Чувствувам голема радост. Фала му на Бога, успеав да победам“. Инаку, во најавата на мечот Фјодор рече дека се бори за престиж на својата земја и дека нема поголем мотив од тоа.

Во полуфиналето рускиот борец ќе се соочи со Американецот Чел Сонен, познат по заканите што им ги упатува на идните противници. И овојпат Сонен ја искористи можноста и најави дека ќе го победи „Емелјаненко „побрзо отколку што каменот паѓа во вода“. Од друга страна, „Последниот император“ е секогаш многу воздржан во изјавите и спрема своите противници искажува должна почит.

Полуфиналето на Гран-прито „Белатор“ е планирано за септември или октомври оваа година.

Погледнете ги најопасните руски ММА борци во акција

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња